На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на Република Македонија, на патот кај месноста Љуботенски бачила во Скопско, нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

Сите беа припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје кои се бореа против албанските терористи на ОНА.
…………


На денешен ден во 1925 година во Париз излегол првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегувал и во Берлин и Виена.

Главен уредник бил Владимир Поп Томов, а во редакцијата биле Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведувал идеите што биле во основата на Мајскиот манифест – борба против режимите на Бугарија, Кралството Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи.
………………

На денешен ден во 1994 година во скопското село Арачиново бил поставен и осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.