До Управниот суд денеска до 18 часот тужби поднеле две политички партии Интегра и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и еден граѓанин за повреда на избирачко право.

Од Управниот суд за МИА информираат дека освен официјално заведените две, пристигнале уште 75 тужби од Алијанса и Алтернатива.

– Во тек се заведува на тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива по што ќе биде објавено на веб страницата, информираат од Управен суд.

Во Управниот суд се расправаше и по поднесената тужба од Живка Арсовска, од Куманово, за поништување на решението на Општинската изборна комисија за повреда на избирачкото право.

Претходно денеска во 14:50 часот во Управниот суд е поднесена и заведена уште тужба од подносителот ИНТЕГРА Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи.

Од Управниот суд, посочуваат дека за одржување на јавна седница дополнително ќе информираат.
(МИА)