Пообилни врнежи од дожд, а на планините и снег, за утре и за в среда најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со
повремени врнежи од дожд. Утре и во среда врнежите ќе бидат пообилни над 35  л/м2,  на места и поројни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во среда ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утре минималните ќе бидат над нулата и ќе се движат од три до 11 степени, од вторник ќе се спуштат и ќе се движат од два до минус три степени. Дневните максимални од седум до 14 степени.