ДОБРА ВЕСТ: Првата пациентка со коронавирус во Македонија, денеска од Клиника заминува дома

/ 16.03.2020

Првата пациентка заболена од коронавирусот во Македонија, денеска ќе биде испуштена од Инфективната клиника и ќе продолжи на домашно лекување.

За ова информираше министерот за здравство Венко Филипче кој истакна и дека сите луѓе кои со неа се возеле во автобусот и членовите од фамилијата со кои контактирала се тестирани и тие се негативни на коронавирусот.

Министерот во Утрински брифинг, посочи и дека таа е тестирана за коронавирусот и била негативна, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.

Таа беше вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Министерството наведува и дека во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.


Од истата категорија