Добра хигиена на урогениталниот регион и миење на рацете е клучот за спречување на упорната и здодевната инфекција ешерхија коли.
Исхрана е исто така важна, и треба да биде без слатки, со помалку млеко и млечни производи, како и месо.

Треба да се консумира повеќе зеленчук, бидејќи во кисела средина бактериите имаат значително помала шанса за размножување. Со регулирање на столицата, жените значително ја намалуваат можноста за инфекција, велат експертите.

Поради лошата хигиена, дури и многу мали женски деца можат да добијат инфекција од ешерихија. Со цел да се избегне инфекцијата, на бебето треба редовно да му се менуваат пелените и да задолжително во генителнијот регион да се брише од напред кон позади. Малите деца состојбата на инфекција ја изразуваат со плачење, а понекогаш и покачена температура.