Спрпскиот весник „Блиц“ обелодени уште еден случај на Македонец, кој починал од рак, а се лекувал кај надрилекарот од Србија Мирољуб Петровиќ. По случајот за триесетиедногодишниот Македонец Славчо Петров, српски „Блиц“ информира дека истото се случило и со 42- годишниот Ристо Крстевски.

-Мојот внук од сестра една година се „лечеше“ од рак кај Мирољуб Петровиќ. Тој го уверуваше дека „лекарите се дебилни“ и да ги слуша неговите совети, а паралелно го наплатуваше „лекувањето“, вели Александар Илиевски од околината на Прилеп, Македонија.

Според Илиевски, на неговиот внук Ристо во ноември 2016 му бил дијагностициран карцином на грлото и веднаш се обратил кај Петровиќ. Уште веднаш од Петровиќ добил совет: „Слушајте ме мене, не ги слушајте дебилните лекари“.

Ристо се лекувал цела година со тинкрутите на Петровиќ, а 12 дена бил и во центарот на Петровиќ кај Лесковац. За лекувањето Илиевски вели дека зеле и кредит, продавале имот, бидејќи месечно тинктурите чинеле 160 евра, а престојот во центарот 600 евра.

Но неговата состојба на крајот се влошила и тој починал на 17 декември 2017.

За комуникацијата со Петровиќ, Илиевски за „Блиц“ вели дека таа била исклуливо меѓу неговиот внук и надрилекарот. Но кога состојбата му се влошила, Петровиќ веќе не му одговарал на пораките.

По смртта, Илиевски се обратил до Петровиќ, од кого добил одговор дека се неблагодарни и им порачал да не го бараат повеќе.

Претходно, медиумите објавија и за случајот на 31-годишниот Славчо Петров, кој боледувал од тумор на мозокот и починал на 7 јануари годинава. Тој се лекувал само според советите на надрилекарот Мирољуб Петровиќ.