Бројката на новозаразени од коронавирусот секојдневно расте, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се рекреираат, возејќи мотори.

Ваква е реакцијата на социјалните мрежи каде се објавуваат фотографии од денешната рекреација на премиерот и министерот.

Заев и Филипче денешниот сончев ден го искористија да возат мотори низ Македонија додека четириесетина семејства организираат погреби за своите најблиски кои починале од коронавирусот, коментираат граѓни на социјалните мрежи.