Министерството за здравство информира дека денеска во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина Спутник В, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници.

Првата пратка од вакцината стигна на 7 март.

На Меѓународниот аеродромот Скопје утрово пристигнаа и 24.000 вакцини од „Астра Зенека“, произведени во Јужна Кореја, кои се доставени на земјава преку Ковакс механизмот.