Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ

„Патриотски чин не се 30-тина смртни случаи на ден и илјадници заболени, власта неразумно и со сила го турка пописот на штета на здравјето на граѓаните

Кога СДСМ зборува за патриотизам не знае човек дали да се смее и да плаче. Патриотизмот кој Каевски го спомнува треба да значи обезбедување на иднина на македонските граѓани, 30-тина смртни случаи на ден и илјадници новозаболени не се патриотски чин.

Пописот е политичка операција на СДСМ и ДУИ која нема да креира политики кои ќе бидат од интерес на граѓаните, туку е исполнување на политичкиот договор на штета на иднината на државата.

Апостол Симовски призна дека има заболени инструктори за попишување, бројот на новозаболени е во слободен раст секојдневно граѓаните се борат за здив, а СДСМ се заканува со казни и ќе влегува во домовите, како да пандемијата и економијата не се доволно дно за македонските граѓани и се што преживуваат до сега во земјава.

Од каде знае власта дека процесот на попишување нема да резултира со влошување на пандемиската слика и забрзан раст на заболени од вирусот, и дополнително зголемување на бројот на хоспитализирани граѓани во болниците каде капацитети се веќе искористени.

Заевистан остана последен во регионот и пола Европа, сите сериозни земји не сакат да го доведат здравјето на своите граѓани во прашање па го одложија пописот, само кај нас се форсира и неразумно не се одложува операцијата која власта не е способна да ја спроведе.

Попишувањата на дијаспората по сендвичари на странски земји и списоци на лица кои кружат, а не се овластени од ДЗС за спроведување на пописот е доказ дека оваа операција која власта ја турка со сила е осудена на пропаст“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.