Договоривме изградба на брза пруга од Белград до границата со … Македонија, што ќе биде огромна промена за Србија. Србија со тоа ќе добие поинаков изглед – изјавил денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбите во Брисел меѓу кои и со т.н. министер за надворешни работи на ЕУ, Борел.

Вучиќ кој пред неколку дена изјави дека ЕУ нема да ги прими во своето членство државите од западен Балкан, очигледно се сврте кон практичните проекти, додека северните ни функционери од Македонија кои и името на државата и го сменија со фалсификати и по насилен пат, не можат од ЕУ да добијат компензација ниту за корона кризата, а не пак за нешто друго.

-Ова ќе биде мошне значајно за Србија, не само во патничка и туристичка смисла, туку тоа е биде значајна врска на Србија со сите делови на светот и Европа. Наскоро ќе имаме и нови автопатишта и тоа ќе биде извонредно за нашите грѓани, но и за нашите компании, истакнал Вучиќ.

Прокај овој проект, Србија неодамна започна со изградба на брза пруга меѓу Белград и Нови Сад, која треба да биде завршена до октомври оваа година. Растојанието меѓу двата града кое изнесува близу 100 км ќе се минува за околу 25 минути. Пругата треба да продолжи до Суботица, оттаму до Будимпешта, а целиот проект ќе чини 4 милијарди долари.

Неодамна Србија го пушти во употреба и новиот автопат од Ниш до Димитровград односно до границата со Бугарија.

Ние неодамна пуштивме во употреба чешма.