На два дена пред почетокот на новата година, во тек е трескавична потрага по природен гас со кој ќе се обезбеди парното греење во Скопје. Доколку денеска не се најде решение, Скопје може да остане без парно греење, пишува Дојче Веле.
Првиот ден од новата 2022 година за речиси 60 илјади скопјани може да биде многу студен. Корисниците на парно греење на компанијата БЕГ (Балкан Енерџи Груп) од 1 јануари можат да останат со студени грејни тела затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година. Како што во моментот стојат работите, на помалку од 48 часа до истекот на годината, природен гас за потребите на корисниците во Скопје, не е набавен. Алтернативните опции се набавката да оди преку БЕГ, но оттаму потоа да им го наплаќаат парното греење на корисниците по далеку повисоки цени, или Владата да ја субвенционира набавката со најмалку 13 милиони евра и да нема покачување на цената. Од БЕГ најавија дека ќе одговорат на прашањата на ДВ на оваа тема во текот на денот. Од Владата велат дека преговорите се во тек.
Целата статија на Дојче Веле може да се прочита ТУКА.