Факсимил од свидетелство за завршено основно образование на ученикот Георги Костадинов, по народност Македонец, за учебната 1958/59 година во Основното училиште во Благоевград (Горна Џумаја) денеска е објавен на социјалните мрежи.

Од свидетелството, чиј факсимил е објавен на Фејсбук од Македонците од Пиринска Македонија, може да се види дека во графата за националност на ученикот пишува: Македонец.

Денес, пак, актуелната политика на Бугарија не признава Македонци во Бугарија, кои водат битка за нивно признавање и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а бара Бугари и поголеми права за нив во Република Македонија.

Ова е само еден пример од повеќето документи на граѓани во Бугарија, во кои како националност е запишано Македонец или Македонка, како свидетелства, воени и други легитимации и документи се издавани од државните органи на тогашна Народна Република Бугарија во 1950-тите години.

(Д.Г.)