„На терен се случува брутален поткуп еднаков на тој минатата година. Еве денеска можам да кажам во вашата емисија како партија реагираме, брутално двајца советници се фатени во едно маало познато Баир во Битола како вршат поткуп на населението таму. И пазете ги идентификувавме кои се, тие се дел од советничката листа на СДСМ. Тие не го негираат делото, туку велат пријавивме бидејќи сме незаконски снимани. Мислам каде живееме луѓе“, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во дебатниот магазин на ТВ21.

Тој истакна и дека првото нешто што ќе им го каже на новоизбраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ е веднаш да се откажат од репрезентација и од службеното патничко возило.