ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС. До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој покажа документи кои го потврдуваат неговото тврдење.


-Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС. Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ. Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион – сега е ССМ, рече пратеникот.
Петрушевски посочи дека ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички.
-Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ, рече Петрушевски.




