Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН за служење војска. Од документот јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, истакна на прес-конференција Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Министерството за одбрана истакнуваат дека документот има класификација „строго доверливо“.

-Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“ а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација “строго доверливо“, велат за Канал 5 од Министерството за одбрана и додаваат дека согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина.

Што е строго доверливо во документ со кој премиерот на Македонија го избегнал воениот рок не е сосема јасно, но јасно е дека Ковачевски го одбегнал јавувањето во АРМ, а причините за тоа не се познати.