Партиите да стојат понастрана од Министерството за одбрана и АРМ и да не поттикнуваат поединци да извршуваат кривични дела, изјави вечерва министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

– Политичките партии и поединци, во своите обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот, но и угледот на Министерството и Армијата, објави Петровска на нејзиниот профил на Фејсбук.

Изјавата се однесува во врска со аферата околу избегнувањето на служење на воениот рок на премиерот Димитар Ковачевски.