Ги поздравуваме екстензивните напори на САД под лидерство на претседателот Трамп, рефлектирани во неговиот план за решавање на израелско – палестинскиот конфликт, соопшти владината прес-служба.
-Статус квото не е одржливо, изразуваме надеж дека преку преговори ќе може да се дојде до долгопосакуваното решение за две држави, базирано на визијата за мир на Блискиот Исток. Ги повикуваме лидерите на Израелците и на Палестинците да го искористат овој моментум и да демонстрираат јасна посветеност за постигнување на решение по пат на преговори за овој долготраен конфликт, се вели во соопштението од Владата.
Како што се наведува, Македонија се залага за постигнување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, одржливо и фер решение на конфликтот, кое ги почитува легитимните интереси на двете страни и кое ги зема предвид релевантните резолуции на Обединетите Нации.