Зголемување на долговите на Американците има мал раст и во декември 2018 година и надмината е границата од 4 илјади милијарди долари за првпат во историјата, објави Волстрит џурнал.
Федералните резерви соопштија дека зголемувањето на долговите е 16,6 милијарди долари во декември 2018 година. Во ноември е регистрирано зголемување од 22,4 милијарди долари. Со тие бројки, вкупното ниво е 4,01 илјади милијарди.
Во јуни 2013 година тоа ниво беше три илјади милијарди.
Заемите во категоријата во која се кредитни картички се зголемени за 1,7 милијарди, а во категоријата кредити за автомобили и студенски заеми – 14,8 милијарди долари.
Аналитичари сметаат дека вкупните кредити ќе продолжат да се зголемуваат заради ниското ниво на невработеност и стабилното зголемување на платите. Во анализите на весникот не се вметнати хипотеките кои се над 10 илјади милијарди долари.