Десет членови на подмладокот на бразилскиот фудбалскиот клуб „Фламенго“ загинаа во пожар што изби во тренинг-камп во Рио де Жанеиро.

Пожарот избил додека фудбалерите спиеле во клупскиот камп Нињо де Урубу. Уште три лица се повредени, но не се знае колку се сериозни нивните повреди.

Засега никој од загинатите не е идентификуван, но во кампот биле млади лица на возраст од 14 до 17 години. Причината за пожарот се уште се истражува.