Седум екстремисти се уапсени во минатата година во германската армија.

Според изданијата на Функе, што се повикуваат на статистиката на германското воено разузнавање, станува збор за четворица десничарски екстремисти и тројца исламисти.

За сите седум случаи се водат дисциплински и законски акции и повеќето од нив ја напуштиле армијата. Во минатата година разузнавањето регистрирало 270 случаи на екстремизам што е за околу 100 помалку од претходната година.