Иранците ќе скандираат „Смрт за Америка“ се додека Вашингтон продолжува со својата непријателска политика, но тој израз е насочен кон претседателот Доналд Трамп и американски лидери, а не кон американскиот народ. Тоа го објави врховниот лидер на Иран.

– Додека Америка продолжува со злонамерни акции, иранскиот народ нема да се откаже од „Смрт на Америка“, нагласи ајатолахот Али Хамнеи во говор по повод 40-годишнината од Исламската револуција во Иран.

– Смрт за Америка значи смрт за Трамп, Џон Болтон и Мајк Помпео. Тоа значи смрт за лидерите во Америка, нагласи Ајатолахот.

Трамп ги повлече САД минатата година од нуклеарниот договор склучен со Иран и светските сили во 2015 година и ги обнови санкциите спрема техеран нанесувајќи удар врз економијата на државата.