Не само што не се враќаат пари што ВМРО задолжувала, и не се намалува долгот на Република Македонија, туку долгот во овие 2-3 години или две ипол години, во кои што СДСМ е на власт во апсолутна бројка е зголемен за 600 милиони евра. Точно 600 милиони евра. Позиција од 30.06.2019 година, пресек објавено на МФ, објавено на НБРМ. Откога СДСМ е дојден на власт за 600 милиони е зголемен долгот на државата, но не се знае на што се трошат овие пари, истакна денеска Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница.