Долгот на Република Македонија пораснал и на квартално и на годишно ниво, соопшти Министерството за финансии.

Јавниот долг на државата, на крајот на првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, што е 47,7 отсто од предвидениот БДП за годинава, објави Министерството.

Долгот пораснал и на квартално и на годишно ниво. Во истиот период државниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 39,9 проценти од проектираниот БДП.