ДОМАЌИНСКИ И ОТЧЕТНО: Шекеринска купува кекси и вафли за 3,5 милиони денари за МО

/ 04.09.2020

На страницата на јавни набавки објавен е оглас од Министерството за одбрана каде министерката Радмила Шеќеринска планира да набави колачи во износ од околу 3,5 милиони денари, објави порталот Курир.

Како што пишува порталот,  додека владата на чело со Зоран Заев се задолжуваше заради кризата предизвикана од Ковид – 19 за спас на и онака кревката економија и после сите изјави и информации дека буџетот е празен Шеќеринска и Министерството за одбрана набавуваат вафли.

Огласот е објавен на 26.08.2020 година додека предмет на договорот е „Индустриски колачи, кекси и вафли разни“ додека во делот на проценета вредност стои сумата без ДДВ во висина од 3.437.400,00.

Владата на СДСМ ветуваше домаќинско однесување со парите на граѓаните и наменско и рационално трошење со оглед на фактот дека Македонија е една од земјите со кревка економија на која корона кризта кризата има огромен негативен импакт и е земја која направи огромни задолжување.


Од истата категорија