Почина 42-годишната скопјанка Елизабета Бабунска, за која граѓаните собираа донации до пред неколку месеци.

Таа самата ја раскажа трогателната приказна, но не успеа да се избори за живот.

Веста за смртта ја објави вчера Отец Оливер Петровски од организацијата Свети Спас.

Бабунска имаше рак на желудникот, а по интервенција потоа желудникот беше отстранет. Сепак се утврдило дека има и метастази и се собираа пари за лекување во странство.

Елизабета е мајка на две малолетни деца, ќерка која има 8,5 години и син кој има четири години.