Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз денеска во касарната во Ѓорче Петров ќе присуствуваат на примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Македонија.

По примопредавањето на американската донација министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз ќе дадат изјави за медиумите.