Светската фудбалска ѕвезда Лионел Меси донирал 3,5 милиони евра за настраданите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија, објавено е на турската страница на Фејсбук Futbol Merkezi.

– Лионел Меси донираше 3,5 милиони евра за Турција и Сирија. Браво! – гласи кратката објава на Фејсбук.

Официјална потврда за донацијата засега нема.