Репрезентацијата на Словенија со победа ги стартуваше Олимписките игри во Токио, победена беше Аргентина најмногу благодарение на неверојатнио Лука Дончиќ.

Дончиќ одигра страшен натпревар во кој постигна 48 поени, запиша 11 скока и подели пет асистенции.

Вистински лидер беше Дочиќ на својата репрезентација, во првото полувреме постигна 17 поени, а Словенија водеше со 42:62. Во еден момент од натпреварот Словенија ја имаше највисоката предност од 82:52.

Зад Дончиќ следуваше Препелиќ со 22 поени, додека кај Аргентина најефикасен беше Луис Скола со 21 поен.