Ураганот Доријан прерасна во петта категорија, што значи дека може да предизвика катастрофални последици.

Националниот центар за урагани во Мајами денеска соопшти дека ветерот денеска достигнал максимална брзина од 260 километри на час.

Ураганот се очекува денеска да ги погоди Островите Абакос, а подоцна да се прошири преку Големиот Бахамски Остров.

Премиерот на Бахами, Хуиберт Минис изјави дека 73.000 луѓе се загрозени од бурата и ги предупреди жителите на помалите острови да се евакуираат.

Доријан во моментот е оддалечен околу 450 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида.

Ураганот Доријан синоќа ја промени патеката и наместо да удри на брегот на Флорида, како што се очекуваше, неговиот конус продолжи на север кон брегот на сојузните држави Џорџија, Јужна и Северна Каролина.

Во сите овие држави, заедно со Флорида, прогласена е вонредна состојба.

Доријан се очекува да ги погоди Јужна и Северна Каролина со силина од втора или трета категорија најрано в понеделник навечер.