Американската компанија Фејсбук трајно укина профили на својата мрежа и на Инстаграм на неколку екстремни личности и организации со ултрадесничарски ставови, јави ДПА.

Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм се конспиративниот теоретичар Алекс Џоунс, основач на сајтот „ИнфоВорс“ (Infowars), лидерот на организацијата „Нација на исламот“ Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации“.

– Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија, се додава во изјавата.