Рекордни 11,1 милиони странци денес живеат во Германија, според најновите податоци на Федералниот завод за статистика Дестатис, јави ДПА.
Според „Шпигел“, толку лица се запишани во германскиот Централен регистар на странци на крајот на септември минатата година.
Статистичките податоци покажуваат дека до крајот на 1990 година странците кои живееле во Германија биле 5,3 милиони, а до крајот на 2008 година нивниот број пораснал на 6,7 милиони.
На крајот на 2018 година, регистрираните странски државјани на земјата беа 10,9 милиони, од кои 43,9 проценти доаѓаат од други земји на ЕУ и 13,5 проценти со турско државјанство.
Според првичните проценки на Дестатис, населението на Германија на крајот на 2019 година е 83,2 милиони, што е исто така нов рекорд.
Да не беа имигрантите, населението ќе се намалуваше од 1972 година. Вреди да се одбележи дека по значителниот прилив во 2015 година, бројот на имигранти кои пристигнуваат во Германија се намалува секоја година, објави весникот.
Бројот на барања за азил исто така се намалува. Додека во 2015 година беа близу 750.000, нивниот број се намали на околу 165.000 минатата година.