Стотици летови се откажани денеска на неколку германски аеродроми поради штрајк на вработените, јави ДПА.
Агенцијата посочува дека патниците преку аеродромите Берлин-Бранденбург, како и преку Хамбург, Хановер и Бремен во северна Германија, треба да бидат подготвени за значителни доцнења и откажани летови поради штрајкот.
Во штрајкот, организиран од синдикатот Верди, учествуваат вработените од обезбедувањето и друг аеродромски персонал.
Штрајковите продолжуваат во текот на денот, а аеродромските власти ги повикуваат патниците да контактираат со нивните авиокомпании за повеќе информации за летовите.