Унгарија се заканува дека ќе го блокира продолжувањето на санкциите на Европската унија против Русија, ги пренесе ДПА тврдења на неименувани дипломати.
Според изворите, унгарската Влада се заканува да ги укине санкциите против тројца руски олигарси – Алишер Усманов, Пјотр Авен и Виктор Рашников.
Тројцата се наоѓаат на списокот речиси 1.200 лица кои беа санкционирани од ЕУ поради нивната поддршка за руската инвазија на Украина и чии средства се замрзнати, а исто така им беше забранет влез во ЕУ.
Санкциите против нив истекуваат доколку не бидат продолжени до 15 септември.
Според дипломатите, ЕУ денеска се надеваше дека ќе го има договорот од сите 27 земји-членки за продолжување на санкциите. Тоа е условено со едногласност, што значи дека сега се потребни повеќе преговори.
Дипломатите на ЕУ истакнуваат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан сè уште има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и неколку пати последните месеци ги блокираше предлозите за продолжување на санкциите против Москва