Основното јавно обвинителство Струга побара казни од 5 до 7 илјади евра за учесниците на Вевчанскиот карневал што го запилаја бугарското знаме.

Како што е објавено од ЈО Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Обвинетите, се додава во соопштението објавено на веб страницата на ЈО Струга, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме.

Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност.

Како што е познато, традиција во Вевчани е скогаш на крајот од карневалот да се палат сите маски. Во една од тие маски беше и бугарското знаме во сатиричниот приказ на политичката ситуација и актуелниот момент на македонско-бугарските односи и ветото од Бугарија за Македонија во ЕУ.

(Д.Г.)