Петнаесетгодишниот битолчанец Михаил Николовски спасил од давење трочлено семејство од Бугарија на плажа во Олимпијада, Грција.

За неговиот херојски подвиг прво објави мајка му, Јасна Николовска.

„Денес на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош.Од цела плажа, скокна син ми Михаил, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше и еве сега го седнаа во кафеана да јаде, да пие, да ужива“, напиша таа во нејзината Фејсбук објава.

Мајката откри дека младиот Михаил добил и подарок од семејството – маска за нуркање.

„Денеска на плажата морето збесна со огромни бранови. Едно семејство од Бугарија беше однесено од брановите. Жената панично почна да бара помош. Од цела плажа, скокна син ми Mihail, ја извлече прво жената, па детето и на крај таткото. Цел народ од плажата му аплаудираше и еве сега го седнаа во кафана да јади да пие да ужива.

Ова го пишувам, со плачење, од бескрајна среќа во каков човек израсна Михаил, па можеби ќе прочита “стручниот” наставен кадар од ОУ Кирил и Методиј – Битола, кој до крај го малтретираа, го поттурнуваа, го деградираа и ни еден атом енергија не посветија за негов напредок.
Јас знам дека Господ гледа и ќе си ги дава според заслугите.
Да живее Република Македонија и нејзините синови! ❤️💛

Честит празник 🇲🇰“ напиша неговата мајка Јасна.