Нуркачките операции во пештерата во северен Тајланд, каде 12 млади фудбалери и нивниот тренер се верува дека исчезнаа пред една недела, продолжила по петчасовна пауза заради силниот дожд, јави Си-ен-ен.
Паузата била како агонија – родителите чекале Господ да се смилува и да престане дождот со што ќе се овозможи потрагата по нивните деца да продолжи. Младите фудбалерчиња на возраст од 11 до 16 години изчезнале заедно со нивниот 25-годишен тренер најверојатно во пештерата во која и порано влегувале, но секогаш излегувале.
Се бараат алетрнативни рути на пештерата, се следи секоја каверна, па дури и спасувачки тим од Америка е дојден, но и тие не можеле да влезат во пештерските простории заради надојдените води.
Потрагата по 12-те деца почна минатата сабота кога службеник во паркот пред влезот на пештерата забележал велосипеди. Некои од родителите потоа доаѓаат на местото, ги преознаваат велосипедите, патиките и од тогаш почнува вистинска дрма. Некои губат свест, некои се молат за спас на децата.
Не се знае точно што се случило со групата, но патот кој води од влезот на пештерата е канал длабок 15 метри, а потоа во должина од неколку километри постојат повеќе подземни ходници, кои децата добро ги познавале.
Драмата почнала кога групата деца по завршувањето на фудбалскиот меч решиле да ја истражуваат пештерата Там Луанг долга десет километри. Но, времето не им оди во прилог, па за кусо време од поројните дождови се крева нивото на подземните води и кал доаѓа до влезот на пештерата. Од тогаш нема никаков глас од децата и нивниот тренер. Спасувачките екипи спуштиле во пештерата вода, храна и неопходна опрема, а постојано со пумпи се испумпува водата.
Родителите се надеваат дека нивните деца се се уште живи, се надеваат во нивната сила и дека спортскиот дух ќе им помогне да ги победат сите предизвици со кои се соочени.