Силен ветер и обилни дождови погоди денес делови на Србија, а повеќемина жители се принудени да ги напуштат нивните домови. Особено критично е во Суботица, од каде што доаѓаат информации за големи поплави по улиците. Спасувачки екипи со чамци итно се испратени во поплавените подрачја. Очевидци велат ека е силниот ветер се искорнати многу дрва, а имало и првртени камиони.

Под вода се и неколку булевари во Белград. Сообраќајот на делови од Ибарска магистрала е во прекин заради надојдената вода која што делови од патот претворила во езера.

Обилните дождови вчера парализирале бројни белградски населби, а најлошо минале жителите на Гроцка, Раковица и Барајево, каде куќите дури и биле поплавени. Како што велат мештаните од општина Барајево, улиците се под вода, патиштата се поплавени, домаќинствата и нивите се поплавени, а автомобилите пловат.

Пороен дожд го зафати и Нови Сад, предизвикувајќи големи проблеми, а надлежните служби се наоѓаат на терен.