Внукот од брат на Али Ахмети, Дрин Ахмети, за Макфакс потврди дека неговата компанија го купува трговскиот центар Соравија, во центарот на Скопје.
Внукот на Ахмети посочува дека парите со кои се прави купопродажбата се легални, а за бизнис-зделката не му помогнале семејните врски, ниту татко му Фекри, ниту чичко му Али Ахмети.
– Ниту една од моите семејни врски не помогна при купувањето на акциите во Соравија Центар, вели младиот бизнисмен Дрин Ахмети.
Прашан за потеклото на капиталот, тој не дал одговор. Се повика на тајноста на договорот, а одговори најави за во септември.
– За потеклото на капиталот и поврзаните прашања околу тоа, сѐ ќе биде обелоденето во јавноста по завршувањето на периодот на НДА договорот, кон септември, одговори Дрин Ахмети за Макфакс.
Дециден е дека сите пари се легални.
– Она што сега можам да го кажам е дека целиот капитал потекнува целосно од странските деловни активности на нашата компанија и нашите партнери, сѐ е легитимно и лесно докажливо, додава тој.
Според информациите од Централен регистар, Дрин Ахмети е сопственик и управител на три компании и тоа: „Тхор индустриес“ која ја купува „Соравија; кичевската „Хелиос плант“ за производство на електрична енергија; „Еверест ЏД“ која исто така е од Кичево, а се занимава со градежништво.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА.