Додека Јавното обвинителство истражи за тоа како Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, претседателот на ДУИ и коалиционен партнер на СДСМ во власта, ја купи „Соравија“, тој ќе се повлече од фирмата.

Како што објавивме „Тхор индустрис“ испрати и сооштение со кое навести дека ќе биде преземена од Texas American International Holdings Inc. и соопшти дека аквизицијата (преземањето) е „значаен потег кој сигнализира почеток на ново поглавје за Thor Industries LLC“.

– Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.

ТВ Телма пред десетина дена во емисијата Код објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како „Тхор“. Ник Мехмеди бил сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика „Американ инвестментс“ и е регистрирана за консултантски услуги, пренесе порталот Скопје 1.

– Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Претходно, Јавното обвинителство соопшти дека предметот бил во предистрага.

Извор: Скопје 1