Вчера пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски сподели објава по социјалните мрежи каде што ги повика своите сопартијци дека е време да се држат заедно еден до друг, или ќе потонат сите еден покрај друг. Дури во својата објава порача дека е време за помирување и обединување.
„Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време за помирување и обединување“, напиша пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
Оваа негова објава по социјалните мрежи предизвика лавина коментари од незадоволното членство на СДСМ.
„Сега им текна дека сме разделени кога се ближат избори им треба обединување, а после изборите пак исто доста не правевте будали“, порача разочаран член од СДСМ.
„Уживај брат уште малку во владините привилегии. Од в година во опозиција ќе има повеќе време да се држиме заедно еден до друг“, напиша граѓанин во коментар на објавата на Мартин Костовски.
„Не знам дали ги читаш овие коментари, ама факт е дека покажуваат големо незадоволство меѓу членството. Од раководството и по вертикала и по хоризонтала и тоа треба да те загрижи .Со кадровската политика и вработувањата не потонавте сите нас во муљот, а со 78 % не згазивте сега што да чекаме да се исправат грешките. Нема време за тоа касно е. Гледај, гледај која глупост распишуваат оглас на определено време до септември наредна година, па тоа се луѓе се наши бре, па каде ви е паметот ги давате сите тие на вемерото … Се гордеам што има членови такви како тебе во СДСМ ..Тоа е иднината .. Ти и таквите имавте шанса да не извадите од калта. Жално е ама мора да се даде реалната оценка ќе не прегази еден малоумен. Човек кој го наруши животот во државата ширејќи лаги и омраза. Се надевам болки неќе. АМА ТОА Е НАДЕЖ. Во калта сум ама со вас и СДСМ ДО КРАЈ. П.С. е Зеко Зеко и ти ништо“, истакна еден од граѓаните кои што му одговорија на Мартин Костовски за обединувањето на СДСМ.
Една граѓанка го запраша Мартин Костовски – „Вака и тендери коа делевте (не лично Вие) да зборевте добро ќе беше! Сега ви текна дека треба да се држиме заедно еден до друг кога ви висат фотелјите“.
Пратеникот од СДСМ, на ова прашање веднаш одговори за да се оправда дека тој тендери не земал.
„Јас во живот не сум учествувал на тендер, јас само како сдсмовец повикувам на единство“, напиша Костовски.
„За какво помирување и обединување зборуваш Мартин!! За тоа што Обиџуко ми спушта слушалка за 5 сек., а не ме дослуша поточно, не ми даде шанса 30 секунди да му образложам како негов војник, сообраќаец ми зборува на албански и ми вика не разбирам.. Нека иде се упм се виде се, замина у бестрага у неповрат“, му порача еден разочаран член.
Еден граѓанин му порача на Костовски – „Сите коментари се за добро, наменети, ама ова е мал број зато Метла друже, метла, метла фатете, срамота е овде да се коментира. А на друго место слух нема за ништо“.
„Друже Мартин претседател сум на МО1373 Прилеп повеќе од 20 години. Учествував редовно на ОТПОРОТ И ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА (некои од сегашниве не знаат ни што е тоа). Дали е во ред повеќе од 6 години да молам и да барам вработување на мојот син кој е дипломиран актер и на мои 55 години некој да ме лажи. Е па не можи повеќе вака, а вакви неправди кон наши вистински борци има многу“, напиша разочаран граѓанин од членството на СДСМ.