Знаевме, знаеме и ќе знаеме кои сме — без разлика колку лекари, амбасадори и пратеници ни испраќаат од Бугарија меѓу Македонците во Албанија за да не убедуваат во спротивното, се вели во реакцијата на Друштво Преспа, за ширењето на бугарска пропаганда во Пустец.
– Фондацијата „Блгарска памет” на Милен Врабевски, придружена од бугарскиот амбасадор во Тирана и тројца бугарски пратеници, вчера и денес „лекува” во Пустец, Мала Преспа. Зад параваната на бесплатни прегледи — иста стара цел: да не прикажат како Бугари. Македонците од Преспа одамна имаат пристап до здравство и редовно се лекуваат, дури и на скапи операции, во Република Македонија. Не ни треба увезена „грижа” обвиткана во политичка пропаганда, се вели во објавата на Фејсбук на Друштво Преспа.
Ова е, се додава во објавата, уште еден обид за асимилација преку здравствена дипломатија. Го препознаваме и остро го осудуваме.
– Знаевме, знаеме и ќе знаеме кои сме — без разлика колку лекари, амбасадори и пратеници ни испраќаат да не убедуваат во спротивното, се вели во реакцијата на Македонците во Албанија, во објавата на Друштво Преспа.
Линк до објавата: https://www.facebook.com/photo/?fbid=122225231624363724&set=a.122114205800363724
Фото: Фејсбук




