За два дена Заев ја задолжи Македонија за 850 милиони евра, а државата е ставена на апарати, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев издаде еврообврзница од 700 милиони евра, за која треба да плати камати од 80 милиони, и на домашниот пазар се задолжи за 70 милиони, вкупно 850 милиони. Заев со ова задолжување се спасува од банкротот кој беше неминовен како резултат на лошите политики и неадекватното менаџирање на кризата. Долгот со овие задолжувања официјално ќе скокне над 7 милијарди евра, и 65% од БДП. Ова задолжување е само за крпење на дупки, и доколку нема промена на политиките, наскоро ќе ни треба ново задолжување. Државата ќе тоне, пари нема, а каматите ќе стануваат се поголеми. Затоа наместо на крпење на дупки државата треба да се насочи кон развој, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што е објавено, вчера премиерот Зоран Заев изненадно побара и доби доверба на Владата од своите пратеници во Собранието на Република Македонија, без да биде овозможена расправа од опозицијата.