Време е да ја вратиме државата на народот, се наведува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата. ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно, велат од партијата.

-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот. Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Во период од 4 години ќе се заложиме за намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3% на годишно ниво. Време е да ја вратиме државата на народот“ – се наведува во партиското соопштение.