Додека беа во опозиција СДСМ и нивните медиумски трубачи потекуваа со свирките да се одвои државата од партијата, а чести забелешки до поранешната власт за тоа имаа и дипломатските претставници во Република Македонија.
Сега СДСМ се на власт и веќе не важи начелото за одвојување на државата од партијата. Напротив, обилно се користат државни ресурси во претседателската кампања за нивниот кандидат Стево Пендаровски.
На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од државни возила и државни функционери кои се користат токму за она против што се залагаа порано.