Екипата на Макпетрол е најуспешниот тим на државното првенство во карате – кумите за сениори што се одржа викендот во Скопје.

Гледачите во салата „Крсте Мисирков“ имаа можност да го проследат и плејофот во ката.

Во ката екипно мажи првото место му припадна на Гладијатор од Велес, додека најуспешни во ката женски беа натпреварувачките од Фунакоши Гичин од Скопје.

Во поединечна конкуренција во кати победија Пуликсена Јовановска од Фунакоши Гичин и Александар Неделковски од Металург.

На првенството настапија вкупно 78 натпреварувачи од 26 клубови.