Украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува денеска во Киев да ги пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин, по најавата дека делегација од Вашингтон ќе ја посети Украина, јави ДПА.

Зеленски рече дека планира да разговара со Блинкен и Остин за оружјето што и е потребно на Украина и колку брзо тоа може да биде доставено.

Тој додаде дека се надева оти и американскиот претседател Џо Бајден ќе дојде во Киев штом ќе дозволи безбедносната ситуација.