Со дуелите од второто коло денеска продолжуваат натпреварите од екипното државно првенство во тенис, во кое фаворитите на стартот забележаа максимални победи.
Бранителот на титулата екипата на Југ во саботното прво коло постигна победа од 7:0 против Битола во дуелот од групата 1, додека во групата 2, тенисерите на Поинтер со 7:0 ја совлада Црна Река, а Неготино со истиот резултат славеше победа против Тумба од Куманово.
На денешната програма се натпреварите меѓу МТП – Битола (група 1), Поинтер – Тумба и Неготино – Црна река.
Натпреварите се играат на терените на ТК Југ во Градскиот парк во Скопје.