Дубаи воведува 30-дневна бесплатна дозвола за купување алкохол, за туристите.
Посетителите на емиратот ќе можат да го добијат документот во секој објект на компанијата што ја врши продажбата на алкохол на мало.
При барањето на дозволата, странците треба да пополнат формулар со што потврдуваат дека се туристи. Службениците притоа прават копија на пасошот, како и на страницата со печатот за влез во Дубаи.
Туристите со тоа ќе добијат и листа на правилата за јавно поведение во државата. Досега дубајските власти издаваа ваква дозвола само за странци со двегодишен постојан престој во емиратот.