Америкаскиот ар-ен-би пејач Р. Кели (52) е уапсен во Чикаго откако против него покренато обвинение по 13 точки, меѓу кои и престапи од сексуална природа, соопштија од канцеларијата на обвинителот Џозеф Фицпатрик.

Предметите опфаќаат детска порнографија, поттикнување малолетници на сексуални односи и попречување на правдата. Во соопштението уште се наведува и дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна во денот.

Адвокат на Р. Кели, Стив Гринберг потврди дека тој е уапсен.

Ова е вторпат пејачот да биде уапсен оваа година поради обвиненија за сексуални злосторства. Добитникот на „Греми“ во февруари беше уапсен за напад врз четири жени, од кои три биле малолетни кога се случило злоставувањето. Кели се изјасни како невин, а беше пуштен на слобода со платена кауција.