Без уставните измени европскиот пат е блокиран. Пречка за одобрување на уставните измени е намерното блокирање на евроинтеграциите, било потенцирано на средбата на претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети со францускиот специјален преставник за Западен Балкан, амбасадорот Рене Троказ.

На редбата, како што е наведено во соопштението на ДУИ, било посочено дека граѓаните и државата немаат време за калкулации за партиски придобивки на сметка на нивната европска иднина.

– Речиси три часа претседателот Ахмети и француските претставници ги елаборираа политичките случувања во земјата и во регионот, при што главно се фокусираа на уставните измени и евроинтеграциите, вклучително и изборите во земјава, како и дијалогот меѓу Косово и Србија, се наведува во соопштението од ДУИ.

Во однос на дијалогот меѓу Косово и Србија,  Ахмети истакнал дека меѓусебното признавање е единственото решение кое гарантира мир, безбедност и стабилност во целиот регион.

На средбата присуствувале и францускиот амбасадор во земјава Сирил Баумгартнер, поранешниот амбасадор Бернар Валеро, како и Матие Абграл од мисијата за Балканска Европа при Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

Фото:ДУИ